Беше дел од македонскиот тим кој настапи на Олимписките игри во Пекинг. Македонскиот рекорд поставен во Банска Бистрица, Словачка, беше неговата “вајлд – карта“ за Игрите во Пекинг, каде сепак не ги исполни очекувањата. Кога на крајот од годината ќе се сумираат резултатите, може да се рече дека оваа била успешна година за него.

Селман и неговиот ментор проф. Влатко Димитров

Македонскиот рекордер во трискок Реџеп Селман, во моментов се одмара од атлетиката, а редовен студент е на Факултетот за Физичка Култура.

По завршувањето на Олимписките Игри, за мене заврши атлетската сезона, така што се одлучив за мала пауза. Атлетската кариера ја ставив во мирување ,но  активен сум на часовите на ФФК и ја користам секоја прилика да спортувам – вели Селман.

Гледајќи од оваа дистанца доста веројатно е дека настапот во Пекинг беше последниот за охриѓанецот Реџеп Селман.

Состојбите овде ме тераат така да размислувам. За да се биде повторно дел од Олимписки Игри треба многу да се работи. Условите за работа со кои во моментов располагаме не ги исполнуваат барањата за некој подобар резултат на Игрите – завршува Селман.

Селман и португалецот Нелсон Евора победникот во три скок

Атлетиката е неговиот живот, но сега неговите погледи се свртени кон факулетот. Ги задржал одличните контакти со АК Охрид И АФМ, а го очекува вработувањето кое градоначалникот на Охрид му го вети пред заминувањето на Олимпјадата.

М.Постоловски