Реџеп Селман се пласира  на 19-то место и ги заврши настапите на ЕП во сала во Бирмингем, Англија.

Во натпреварот во трискок на отворањето на првенството, во конкуренција од 19 натпреварувачи Селман настапи како 11-ти. Во првиот обид скокна 13.99, во вториот направи престап, а последниот и најдобар скок на Селман од 14.07м беше доволен само за последно место. Селман не успеа да го повтори својот најдобар резултат годинава 14.38, но и тој скок нема да донесеше ништо повеќе.


Р. Селман

Нешто подобро мина вториот наш преставник Далибор Спасовски кој во конкуренција од 23 натпреварувачи стигна до 21 место.Спасовски патеката од 400 м ја истрча за 49.97 што преставува повторување на неговиот најдобар резултат годинава.

М.Постолоски