Македонската олимписка делегација како 13-та ќе настапи на свеченото отварање на ЛОИ ПЕКИНГ 2008. Националните олимписки екипи, на свеченото дефиле ќе настапат по редослед поставен според кинеската транскрипција, а по разговорите водени со Организациониот комитет на Олимписките игри ПЕКИНГ 2008 и официјално сме известени дека ќе настапиме под своето уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.


Сепак, и натаму според англиската транскрипција ќе настапиме под привремената референца која се користи во Обединетите нации, а според тоа и во Меѓународниот олимписки комитет.



Македонското знаме, во Олимпиското село, ќе биде подигнато на 5-ти август во 5 часот попладне (11:00 часот по македонско време), а на самиот чин на подигнување на знамето ќе присуствува и градоначалникот на Олимпиското село како и Амбасадарот на Република Македонија во Народна Република Кина, Н.Е. г-динот Фатмир Џеладини.


извор: www.mok.org.mk“.