„Да се отстранат кајчињата од Сараиште“, „Граѓаните имаат рок до петок да ги отстранат кајчињата од Сараиште“, „Апел да се отстранат кајчињата од Сараиште“… Ова се само дел од медиумските текстови кои се повторуваат деценија и кусур, а епилогот е ист. Кајчињата од плажата Сарашите, единствена колку толку слободна во овој дел од градот, ниту се острануваат ниту некој презема нешто да се отстранат.

Очигледно апелите на надлежните не вродуваат со плод, а на сопствениците на пловните објекти никако да им проработи совеста. Стои фактот дека Охрид има проблем со простор за чување пловни објетки, ама ним никако местото не им е на брегот на малата градска плажа кај Сараиште.

Граѓаните од овој дел на градот постојано апелираат на решавање на проблемот кој и оваа сезона остана нерешен.

OhridNews