Американската група „Red Hot Chili Peppers“ на новогодишната ноќ ќе настапи на имотот на рускиот милијардер Роман Абрамович. Како и секоја година Абрамович ќе ја дочека Новата година на својот имот на карипскиот остров Сен Барт, а на гала вечерата кај овој милијардер ќе се веселат околу 300 гости, како и неговата девојка Даса Зукова. Според пишувањата на медиумите тој за забавата издвоил 7,8 милиони долари.
Гостите по завршувањето на забавата, која ќе трае од 22 до 4 часот наутро, ќе одат на спиење во неговата луксузна јахта на шест ката која вреди околу 470 милиони долари. На имотот, кој претходно го поседувале американските тајкуни Рокфелер, се наоѓаат бројни базени и бунгалови. Минатата година на листата гости се нашле и актерката Деми Мур, манекенката Роузи Ханингтон-Вајтли, некогашниот супрмодел Стефани Сејмор, како и филмскиот режисер Џорџ Лукас, а за доброто расположение на гостите се грижела групата „The Black Eyed Peas“.