Австриецот Феликс Баумгартнер денеска ќе се обиде да испише нови страници во историјата. Во рамки на проектот Ред Бул Стратос, Баумгартнер ќе изведе скок од височина од 36.576 метри.
Тимот кој работи заедно со Баумгартнер, на проектот Ред Бул Стратос, е составен од 200 луѓе. Австриецот ќе се обиде да го собори рекордот кој пред 52 години го постави неговиот ментор Џозеф Китинџер.
Главна цел на целиот проект е да собере податоци кои на научниците ќе им овозможат подобрување на условите на вселенските патувања, како и да овозможат евакуација на свемирско летало на голема височина.
Баумгартнер со својот рекорд ќе собори низа рекорди, како најголема брзина при слободно паѓање, највисок скок, највисок лет со балот и најдолго слободно паѓање.
„Без овој скок мојата кариера на би билоа целосна“, рекол Баумгартнер.
Австриецот досега има изведено скокови од најпознатите светски локации, Петронас кулата во Куала Лумпур и статуата на Исус во Рио де Женеиро, а го има прелетано и Ламанш.
извор: „Макфакс“