Австралиецот Марк Вебер во болидот на Ред Бул ќе ја поведе утрешната трка за Големата награда на Шпанија. Првиот ред ќе го комплетира неговиот клупски колега Себастијан Фетел.


Од вториот ред ќе стартуваат поранешниот светски прваци Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо , додека актуелниот шампион Џенсон Батон е петти на стартот, пред Михаел Шумахер на Мерцедес, кој ќе има најдобар старт сезонава на утрешната трка.

Солидно седмо време има Роберт Кубица на Рено, пред вториот болид на Мерцедес, возен од Нико Розберг. Петтиот ред го пополнија Фелипе Маса и Камуи Кобајаши.

Стартот на трката за ГН на Шпанија е утре од 14 часот.

Ohridnews