Играчот за врска Томче Речкоски е третиот фудбалер кој ги смена клупските бои и премина од Охрид Лоте во Охрид 2004. Речкоски кој беше еден од стандардните во тимот на Трифуноски во есенскиот дел од сезоната, постигна еден погодок и тоа во градското дерби со Охрид 04.
– Со Томче ќе добиеме засилена конкуренција во средниот ред, каде по повредата ќе се врати и Џалески.Очекувам конкуренцијата да донесе подобра игра и поголемо залагање на натпреварите – истакна стратегот на “белите“ Ѓорески.
По трансферот на тројцата фудбалери од составот на “градежниците“ кај “рибарите“, деновиве се очекува неколку млади фудбалери на Охрид да заминат во обратна насока.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com