Охридските фудбалери Томче Речкоски и Љупче Трпески беа дел од Б тимот на Пелистер, кој ремизираше 1-1 со екипата на Работнички во Скопје.


Речкоски и Трпески во зимскиот преоден рок го засилија битолски клуб, а формата ја одржуваат со настапи во Б екипата.

Двајцата ги доведе искусниот стратег Ѓоко Хаџиевски, кој исто така зимава седна на клупата на „зелено белите“.

Трпески дејствува во одбраната додека Речкоски е задолжен за борбата во средината од теренот.

Мх.П.