Охриѓанецот Томче Речкоски беше дел од аматерскиот тим на Македонија кој славеше над Црна Гора со 1-0. Стрелец на голот за победа на “црвено жолтите“ беше Петровски во првиот дел од мечот. Фудбалерот за врска Речкоски одигра 71 минута во минималниот триумф на Македонија.

Македонија е домаќин на групата во која се сместени аматерите Северна Ирска, Шведска и Црна Гора. Во наредната втора рунда “црвено жолтите“ ќе се сретнат со аматерите на Шведска.

Мх.П.