Граѓаните со поделени мислења околу предлогот на советниците за децентрализација на полицијата, односно за формирање на локална полиција.

На прашањето на OhridNews- Дали општината треба да има ингеренции над локалната полиција, речиси еднаков број граѓани се изјасниле ЗА, односно против.

523, односно 49% од анкетираните дале позитивен одговор, додека 536, односно 51% од граѓаните се изјасниле дека се против општината да има ингеренции над полицијата.



Децентрализацијата на полицијата беше еден од усвоените заклучоци на неодамна одржаната посебна седница на советот на која се разговараше за безбедносната состојба во градот.

При тоа, за инцидентите кои во неколку наврати ја нарушија безбедноста во Охрид, дел од советниците одговорноста ја побараа кај командирот на Полициската станица. Според останатите советници, одговорност за немилите случувања во Охрид има и кај Локалната самоуправа.

Од друга страна, командирот на охридската Полициска станица, Добре Петрески, укажа дека органите на редот не можат да бидат на секое место и во секое време и како мерка за превенција, предложи да профункционира Локалниот совет за безбедност. 

OhridNews