Според синдикалните претставници измените во Законот за работни односи не ги штитат доволно работниците од мобинг, поради што е потребно да се донесе нов закон кој јасно ќе ги прецизира правата и обврските на работниците и работодавачите и пред се ќе делува превентивно за спречување на таквите појави, за кој експертите сметаат дека се проблем на секое општество.
– Мобингот е сложена појава која остава големи последици врз психолошкиот живот на индивидуата, но и врз самата работна организација од аспект на нарушените меѓучовечки односи и опаѓањето на продуктивноста, како и негативното влијание на појавата врз општеството, истакна псилогот Фросина Денкова. Како пример за присутвоста на мобингот во македонското општество таа го посочи податокот добиен од тематско истражување, според кое сите испитаници опфатени со анкета потврдиле иззложеност на некаков вид психолошки притисок на работното место.
– Предлог на нацрт законот за психолошко малтретирање на работното место, ќе биде изготвен во декември 2009 година, а според позитивните реакции се од речиси сите политички партии, се надеваме дека истиот ќе биде поддржан и за брзо брзо време ќе влезе во процедура, рече Милан Живковиќ – шеф на кабинет на ССМ.
Покрај превентивниот аспект, со законот се уредуваат и казнени мерки, кои како што беше речено, ќе бидат усогласени со законот за работни односи.
– Мобингот е појава која многу тешко ќе се докажува и затоа сметаме дека посебно внимание во законот треба да обрнеме на судската заштита која ќе значи не само донесување на овој закон туку и негова примена во пракса, истакна Гордица Бошковска правен застапник на ССМ
На појавата на мобингот како што беше посочено влијае транзицијата, големата невработеност и стравот од губење на работното место.