Од досега испорачаните 128 милиони вакцини низ светот, повеќе од три четвртини вакцинирани има само во десет земји, кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП). Со други зборови, во речиси 130 земји со 2,5 милијарди луѓе, се уште не е пристигната ниту една вакцина.
За податоците кои ги соопшти Светската здравствена организација се наведува дека претставуваат самопоразителна стратегија, која ќе „чини животи и егзистенции“, а на вирусот ќе му се овозможи да мутира и да го поткопува глобалното економско закрепнување.
СЗО заедно со својот партнер УНИЦЕФ ги повика светските лидери да гледаат подалеку од своите граници и да спроведуваат вакцинација поради завршување на пандемијата и ограничување на можноста за мутација.
Земјите учеснички во програмата Ковакс се подготвуваат за вакцинација. Иако здравствените работници се обучени и подготвени се ладилниците за транспорт и чување на вакцини, сепак недостасува подеднаква понуда, односно распределба на вакцините.
За тоа е неопходно државите кои веќе го вакцинирале својот здравствен персонал и најризичниот дел од населението, па поделат вакцини преку Ковакс програмата, производителите на вакцини правично да ја расподелат понудата на вакцини, да разменуваат податоци за безбедноста, ефикасноста и производството како приоритет.
OhridNews