Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација, информира Министерството за внатрешни работи- МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Во однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид, две лица (Струга-2) не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени пријави според членот 206 „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Во истиот период, полициските службеници констатирале 79 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-18, Струга-13, Кичево-39, Дебар-09). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 189 лица (Охрид-91, Струга-76, Кичево-22). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 121 контроли (Охрид-39, Струга-60, Кичево-22). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 145 лица (Охрид-26, Струга-62, Кичево-14, Дебар-43). Врз овие лица, извршени се 82 контроли (Охрид-08, Струга-33, Кичево-14, Дебар-27). Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 43 контроли врз угостителски и други објекти.

 

OhridNews