На Интернационалната вечер на фестивалот “Охрид фест – охридски трубадури 08” ќе настапи и атрактивната пејачка од Словенија Ребека Дремељ. Таа годинава ја претставуваше Словенија на Евросонг во Белград со песната “Враг нај взаме” и предизвика многу воздишки кај машкиот дел од публиката.
Од Советот на фестивалот исто така известуваат дека “Радио М” од Сараево, кое е организатор на “Босанско-херцеговскиот радиски фестивал” ќе биде медиумски покровител на “Охрид фест 08” за Босна и Херцеговина и ќе додели две специјални награди. Имено, во Охрид ќе допатува директорот на “Радио М” Мирсад Ибриќ и врз база на гласовите на радио слушателите во БИХ кои предходно ќе ги преслушаат сите песни, ќе додели една специјална награда во Поп вечерта и една специјална награда во Интернационалната вечер на фестивалот “Охрид фест – охридски трубадури 08”.