Реалното шоу “The World According to Paris”, кое зборува за животот на богатата наследничка Парис Хилтон, е откажано по само една сезона емитување. Иако неодамна тврдела дека Ким Кардашиан не и претставува никаква конкуренција, и дека поради неа не се чувствува загрозена, факт е дека Парис Хилтон сепак има причина за грижи.
“Oxygen” мрежата објавила дека нема да продолжи со емитување на нејзиното реално шоу “The World According to Paris”, бидејќи во првата сезона била постигната многу мала гледаност. Од друга страна дводневната специјална емисија за венчавката на Ким Кардашиан, која ќе се емитува на каналот “E”, би можела да стане најгледаната емисија во историјата на тој канал.