Фудбалерите на Реал Сосиедад се погрижија за сензација во 1/4 финалето во Копа дел Реј победувајќи го Реал Мадрид со 3-4 (0-1) на „Сантијаго Бернабеу“ за пласман помеѓу најдобрите четири.

„Кралевите“ беа во позитивна серија и на терен пред своите гледачи истрчаа со квалитетен состав, но наидоа на расположен противник. Реал Сосиедад со отворен гард му се спротистави на Реал Мадрид и успеа да го нокаутира.

Големата победа на гостите ја најави Одегард кој погоди за водство во првото полувреме. Во првите 15 минути од вториот дел Сосиедад постигна нови два голови. Стрелец беше Исак. Домаќините ја ублажија негатитата 1-3 со погодокот на Марсело. Мерино ја врати предност од три голови на гостите. Во 81-та минута Родриго погоди за 2-4. Третиот погодок „кралевите“ го постигнаа во последната минута од судиското продолжение и немаше простор за напад за четврти гол кој ќе донесеше продолженија.

Пласман во полуфиналето претходно обезбедија нисколигашот Мирандес и Гранада. Четвртфиналните мечеви ќе се комплетираат со дуелот Атлетик Билбао – Барселона.

OhridNews