Старт со реми 0-0 на португалецот Жозе Мурињо на клупата на кралскиот клуб. “Лос Бланкос“ одиграа без голови на гостувањето кај Мајорка, но тоа во моментов нема да е најголемиот проблем за “специјалниот“.


На мечот се повреди неговиот сонародник Кристијано Роналдо кој ќе паузира три недели. Тој ќе ги пропушти мечевите од квалификациите за ЕП 2012  против Кипар и Норвешка, мечот во Примера против Осасуна, како и мечот од првото коло во Лигата на Шампионите против Ајакс.

Ohridnews