Реал синоќа го победи Атлетико Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп со 5:3, по дополнителни 30 минути, откако основните 90 завршије без победник 3:3. Натпреварот се одигра на стадионот „Ал Авал Парк“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Стрелци на головите за Реал беа Антонио Рудигер, Ферланд Менди, Дани Карвахал, Стефан Савиќ (автогол) и Брахим Дијаз.

За Атлетико головите ги постигнаа Марио Ермосо, Антоан Гризман и Рудигер 9автогол).

Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп ќе се соочи со победникот од натпреварот Барселона – Осасуна.

OhridNews

Фото. ЕПА/МИА