Фудбалерите на Реал Мадрид се вторите финалисти во Лигата на шампиони, откако вечерва во драматичен реванш полуфинален натпревар на Сантијаго Бернабеу го совладаа минхенски Баерн со 2-1 и го елиминираа германскиот тим со вкупен резултат 4-3.
По минатонеделните 2-2 во Минхен, фудбалерите на Баерн беа на чекор до пласман во финалето, откако Дејвис го донесе германскиот тим во водство во 68 минута.
Резултатот беше активен до 88 минута кога на сцена стапи Хоселу и со два гола, во 88 и 90 минута, донесе целосен резултатски пресврт и пласман на Реал во финалето..
Противник на Кралскиот клуб во дуелот за титулата на 1 јуни на „Вембли“.
OhridNews