Шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона забележаа победи во пријателските натпревари на претсезонската американска турнеја, откако актуелниот европски првак беше поуспешен од Јувентус со 2-0, додека каталонскиот клуб со истиот резултат го совлада Њујорк.
Стрелци за Реал на дуелот одигран во Пасадена беа Карим Бензема во 19. минута од пенал и Марко Асенсио (69).
Барселона во Њу Џерси беше поуспешна од Њујорк со головите на Усман Дембеле (40) и Мемфис Депај (87).
OhridNews