Екипата на Реал Мадрид со трофеј ја почна сезоната 2022/23. „Кралскиот клуб“ вечерва на „Олимпискиот стадион“ во Хелсинки го победи Ајнтрахт Франкфурт со 2:0.
За актуелниот европски шампион ова е петти трофеј во Суперкупот на УЕФА, додека Ајнтрахт Франкфурт кој е победник во Лига Европа минатата сезона, на ја искористи својата прва шанса за титула во ова натпреварување.
Стрелци на головите беа Давид Алаба во 37. минута и Карим Бензема во 65. минута.
Реал се изедначи со Барселона и Милан кои исто така имаат по пет трофеи во Суперкупот.
Воедно, шпанскиот фудбалски гигант стигна до 98. пехар во клупската историја, и само два трофеја го делат да биде првиот клуб со 100 титули.