Реал Мадрид го направи првиот чекор на трансфер пазарот ангажирајќи го фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ.

Како што пренесува шпанскиот весник „Ас“, „кралевите“ за услугите на српскиот репрезентативец на бундеслигашот ќе му исплатат 60 милиони евра.

21-годишниот Јовиќ со Реал Мадрид ќе потпише шестгодишен договор, а стратегот Зинедин Зидан ќе реши една од дилемите кои го очекуваат во летниот преоден рок.

Како следни имиња за кои шпанците ќе загризат се споменуваат Еден Азард од Челси, Пол Погба од Манчестер Јунајтед и Кристијан Ериксен од Тотенхем.

OhridNews