Лошото расположение поради резултатската мини криза во Новата 2019 година, Реал Мадрид ќе проба да го промени со ангажманот на нов фудбалер. „Кралевите“ се засилија со Брахим Дијаз кој во Мадрид ќе се пресели од англискиотпремиерлигаш Манчестер Сити.
Реал Мадрид за услугите на 19-годишниот фудбалер на Манчестер Сити ќе му исплати 15 милиони фунти, а тинејџерот потпиша верност шест и пол сезони. Англичаните вметнаа неколку клаузили, а се издвојува една која гласи дека Реал Мадрид ќе треба да му даде 40% од целокупниот трансфер на Сити ако Дијаз се пресели во Манчестер Јунајтед. Инаку, од другите трансфери Сити ќе инкасира 15%.
Младинскиот репрезентативец на Шпанија на Етихад се пресели 2013 година од Малага како еден од најголемите таленти, но не доби вистинска шанса и да го докаже. Дијаз во Манчестер Сити запиша 15 настапи, а четири пати го носеше дресот оваа сезона.
„Кралевите“ во Новата 2019 година ремизираа со Виљареал (2-2) и изгубија на домашен терен 2-0 од Реал Сосиедад.
OhridNews