Фудбалскиот гигант Реал Мадрид се посрамоти во Купот на Шпанија, претрпувајќи пораз од третолигашот Алкојано. „Кралевите“ изгубија со 2-1, после дополнителното продолжение, откако регуларниот дел од натпреварот заврши без победник 1-1.

Избраниците на Зинедин Зидан со погодокот на Милитао поведоа со 1-0. Домашните фудбалери преку Солбес, на десеттина минути пред крајот го изедначија резултатот. Во продолжението, домаќините повторно реализираа, овој пат преку Казанова, погодок кој се пресуден за конечна победа.

Јувентус триумфираше во Супер купот на Италија, Роналдо е „крал“ на стрелците (видео)

Екипата на Јувентус триумфираше во Супер купот на Италија. „Старата дама“ во финалето го совлада Наполи со 2-0 и ја освоија првата титула во новата сезона во италијанскиот фудбал.

Португалецот Кристијано Роналдо се запиша во листата на стрелци, отворајќи ги резултатот. За Роналдо ова беше вкупно 760-ти погодок во кариерата, со што го надмина Жозе Бишан на „вечната“ листа. Вториот погодок за Јувентус беше дело на Алваро Мората.

OhridNews