Шпанскиот гигант Реал Мадрид го очекува активно лето околу ангажманот на нови фудбалери, додека „баварците“ од сега мисли на следната сезона и договори нов фудбалер со француско потекло.
Официјално, прв пик на „кралевите“ е францускиот репрезентативец Килијан Мбапе. Членот на Пари Сент Жермен од ден на ден се повеќе ја импресионира јавноста, а Реал Мадрид во него гледа лидер на новиот проект. Почетната понуда на „кралевите“ за Мбапе ќе изнесува неверојатни 280 милиони евра.
Баерн Минхен на почетокот од летниот преоден рок ќе го официјализира договорот со францускиот репрезентативец Лукас Хернандез, кој моментално го носи дресот на Атлетико Мадрид. Како што пренесува Франс фудбал, „баварците“ ќе ја платат клаузулата во договорот во висина од 85 милиони евра и „јорганџиите“ ќе мора да го ослободат Хернендез. Баерн Минхен веќе го договори Бенџамин Павард, кој му правеше друштво на Хернандез во француската селекција во походот кон светската титула на Мундијалот во Русија.
После овие најави сигурно летниот преоден рок ќе биде возбудлив и полн со шпекулации, но каде што има чад таму има и оган.
OhridNews