Најтрофејниот клуб во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид не донесе ниту еден фудбалер во летниот преоден рок. Последен пат вакво нешто се случило пред 40 години.
„Кралевите“ често беа поврзувани со неколку имиња, но тренерот Зинедин Зидан најверојатно не доставил листа со потенцијални засилување до управата предводена од Флорентино Перез.
Реал Мадрид од позајмици ги врати Алваро Одриозола, Мартин Едегард и голманот Андриј Лунин, кои минатата сеозна ја минаа во други клубови.
Од Сантијаго Бернабеу заминаа Герет Бејл и Серхио Регуилон (Тотенхем), Хамес Родригез (Евертон), Ашраф Хакими (Интер), Борха Мајорал (Рома), Оскар Родригез (Севилја), Брахим Дијаз (Милан) и клубот заштеди над 100 милиони евра.
Најверојатно, мирното лето ќе значи зимска бура, бидејќи „кралевите“ се подготвуваат за офанзива за потписот на Килијан Мбапе.
OhridNews