Актуелниот светски и европски клупски првак, Реал Мадрид отиде чекор подалеку во преговорите со Челси понудувајќи му двајца фудбалери и дополнителна сума на финансси за услугите на Еден Азард.

„Кралевите“ за потписот на репрезентативецот на Белгија ќе ги жртвуваат Иско и Матео Ковачиќ, а сумата која ќе доплати шпанскиот клуб не би требало да биде поголема од 30 милиони евра.

Ковачиќ моментално ги брани боите на Челси како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, а Иско не е задоволен од третманот на „Сантијаго Бернабеу“ и посакува заминување, а Челси како опција е најдобро решение за Шпанецот.

Овој трансфер би се реализирал во летниот преоден рок.

OhridNews