Напаѓачот на Реал, Карим Бензема го продолжи договорот со мадридскиот клуб, објавено е на официјалната веб-страница на „кралевите“. Новиот договор со 33-годишниот Французин е со важност до 30 јуни 2023 година.
Претходниот договор истекуваше во 2022 година. Бензема игра за Реал Мадрид од 2009 година. Минатата сезона, 33-годишниот Французин одигра 34 натпревари во шпанското првенство, постигна 23 гола и креираше девет асистенции.
OhridNews