Репрезентативецот на Србија, Лука Јовиќ кој настапува во Ајнтрахт Франкфурт е првиот фудбалер кој Реал Мадрид го ангажираше. Неговиот трансфер ќе биде официјализиран штом започне летниот преоден рок.
Како што објавуваат светските медиуми, Јовиќ со „кралевите“ ќе потпише шестгодишен договор а Ајнтрахт Франкфурт ќе заработи 60 милиони евра од трансферот.
Вниманието кон себе Јовиќ го привлече со добрите игри во Лигата на Европа и Бундес лигата. Во европското натпреварување Јовиќ постигна 10 голови, додека германскиот шампионат српскиот голгетер противничката мрежа ја затресол 17 пати.
После завршување на оваа зделка, Реал Мадрид ќе се насочи кон Еден Азард кој исто како Јовиќ е голема желба на тренерот Зинедин Зидан.
OhridNews