Австрискиот фудбалски репрезентативец
Алаба доаѓа во Реал без обесштетување, откако му истече договорот со Баерн Минхен.
Германскиот првак му понуди на австрискиот дефанзивец продолжување на соработката, но Алаба одлучи по 11 сезони и 27 освоени трофеи со Баерн да ја смени средината.
Алаба ќе му се приклучи на Реал по Европското првенство на кое со Австрија на 13 јуни во Букурешт ќе игра против македoнската репрезентација во премиерниот натпревар од групата Ц.
OhridNews