Германскиот фудбалски интернационалец Тони Крос може да го продолжи договорот со Реал.

Клубот од Мадрид одлучи да склучи нов договор со 34-годишниот играч од средниот ред за период од една сезона, објави новинарот Франциско Хозе Делгадо. „Кралевите“ немаат намера да потпишуваат со нови играчи од средниот ред.

Германецот веќе неколку сезони најавува пензионирање, но Анчелоти го убедува дека е важен за тимот. Крос за Реал Мадрид игра од 2014 година и неговиот договор е до крајот на тековната сезона.

Во досегашниот дел од сезоната, Крос има постигнато еден гол и е творец на седум асистенции.

OhridNews