Партизан и Реал Мадрид постигнаа вкупно 72 поени во првата четвртина од натпреварот од 10. коло на Евролигата што синоќа се одигра во Мадрид. Ова е најефикасната прва четвртина во историјата на Евролигата.
Партизан ја доби воведната четвртина од натпреварот со резултат 40:32, но го загуби натпреварот со 97:105.
Претходниот рекорд беше поставен на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алба во сезоната 2019/20. Тогаш тимовите во една четвртина постигнаа вкупно 66 поени.
Првите четвртини со највисок резултат во историјата на Евролигата:
Што се однесува до најефикасната четвртина во историјата на Евролигата воопшто, ја одиграа Нанси и Жалгирис кои заедно постигнаа 77 поени (4-та четвртина, сезона-2008/09).
OhridNews