Во финалето на шпанскиот Супер, кој се одржува во Саудиска Арабија, ќе се игра „Ел Класико“ меѓу мадридски Реал и Барселона, откако каталонскиот тим синоќа го совлада Бетис на пенали 6-4 (1-1, 2-2).

За Барселона стрелец беше Роберт Левандовски во 40. минута, а во второто полувреме израмни Французинот Набил Фекир во 77. минута. Во продолжението Ансу Фати во 93. минута ја врати Барселона во водство, а осум минути подоцна натпреварот во пенал серија го однесе Лорен Морон.

Одлуката за победникот дојде во третата и четвртата серија кога Марк – Андре тер Штеген одбрани два пенали, а Педри го постигна решавачкиот гол.

Реал ден претходно, исто така, на пенали ја совлада Валенсија.

Барселона в недела од 20 часот во Ријад ќе се обиде да ја освои 14 титула во шпанскиот Суперкуп, а ланскиот победник Реал со триумф ќе се израмни според бројот на трофеи во ова натпреварување со каталонскиот тим (13).

OhridNews