Реал Мадрид синоќа во Ријад го победи Атлетик Билбао во финалето на шпанскиот Суперкуп. Средбата заврши со резултат 2:0.
Лука Модриќ го отвори резултатот во 38. Минута, во 52. минута Карим Бензема го удвои водството на Реал.
За „кралскиот клуб“ ова е 12-ти трофеј во шпанскиот Суперкуп. Претходно до трофејот Реал стигна во 1988, 1989, 1990, 1993, 1997, 2001, 2003, 2008, 2012, 2017 и 2019/20.
Поуспешна во ова натпреварување е само Барселона со вкупно 13 трофеи.
OhridNews