Извршена е ждрепката за полуфиналето на Копа дел Реј.Во оваа фаза од турнирот Реал Мадрид ќе се соочи со Барселона.
Првиот натпревар ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ на 1 март, а реваншот на „Камп Ноу“ на 5 април.
Во второто полуфинале ќе играат Осасуна и Атлетик.
Оваа сезона се одиграа две „Ел класико“. Во ноември Реал Мадрид победи во Ла Лига (3:1), додека во јануари Барселона го освои шпанскиот Суперкуп (3:1).
OhridNews