Жалосно е што во нашето секојдневие се повторуваат старите навики во предизборните трки уште и да не се започнати официјално, а тоа е инволвирањето на се’ и секого во меѓупартиските препукнувања само за да се биде „хит“.
Сомнежот на претседателот на општинскиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ, д-р Владо СТЕФАНОСКИ, околу тоа дали наследениот долг на општината од 6 милиони евра е навистина намелен на 600 илјади, со констатација дека „е тоа медиумски маркетинг на градоначалникот и односите со јавност“, е само потврда за таквата пракса која очекувам допрва да се интензивира со засилувањето на предизборната кампања.
За долгот на општината, заклучно со 31. 12. 2007. година целосна информација на 51. седница одржана на 6. Март доби Советот на општината како и при разгледувањето на завршната сметка на Општината односно Одлуката на Советот на општината за остварување на Буџетот во претходната година. Значи, со долговите на општината не прави „медиумски маркетинг“ „секторот за односи со јавноста“ , туку тоа ( ако е веќе маркетинг) го прават оние кои не сакаат да веруваат во она што е, па постојано го поставуваат истото прашање и со тоа даваат можност Градоначалникот „да се фали“ а задолжените за односи со јавноста да го мултиплицираат тој успех. Желбата на љубопитните да видат „на писмено“ не е ништо друго туку недоверба во Советот и надлежните служби и институции на државата, како и обид да се наметне „жешка тема“ кога се нема што друго да им се понуди на граѓаните како излез од кризата во која е западнато општеството.
Односи со јавноста
Никола Маневски
повод: ОК ВМРО ДПМНЕ се сомнева дека општината го вратила долгот..
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=4550