Локалната самоуправа преку својот портпарол, Никола Маневски возрати на изнесените ставови од советникот Иван Огненов, со што продолжуваат медиумските препукувања помеѓу Вмро ДПМНЕ и општината. Во соопштението се вели:

„Упорното огласување на членот на Советот на општината Ванчо Огненов преку локалните медиуми – најнапред со најава од неговата партија дека ќе одржи прес, потоа со ламентирање над личните неостварени заложби и , по трет пат, божемна „контрареплика“  со инсистирање(!) градоначалникот да поднесел финансиски извештај- јасно зборува за неговата партиска задача да ја отвори предизборната кампања.

Доколку не е тоа суштината на неговите ЛИЧНИ согледувања и ЛИЧНИ УКАЖУВАЊА, зошто јавно не каже дека местото за советнички прашања и укажуавња се седниците на Советот на општината, а не медиумите. Доколку, пак, му  се верува дека станува збор за ЛИЧНИ  укажувања, тогаш со право се наметнува заклучокот: дека советникот не работел во интерес на граѓаните, ниту како член на партија која ја претставува во Советот, туку имал ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ или води ЛИЧНА војна со Градоначалникот!

Советот на општината не е „желботека“ , туку работи според Статутот и важечките акти. Според кој член од Статутот градоначалникот бил должен да поднесе финанасиски извештај? Доколку и имало заклучок на Советот за поднесување извештај на Градоначалникот за ПРАШАЊА од неговото работње  (а не таксативно:финансиски извештај), според чл. 34,36и37 од Статутот на општината,  а тоа не се испочитувало, советникот треба да бара одговор од Советот а не од Градоначалникот!

Се’ на се’, провидно е дека неговите намери се сосема подруги од оние што ги посочува пред медиумите. Тоа е, впрочем, негово право, но не треба толку да се запенува и „клоца “ против се’ и секого во општината аку е разочаран од својот учинок како советник со ЛИЧНИ прашања.

Нека смирено го прочита уште еднаш Статутот и согласно неговите одредби нека иницира на седница на Совет она што е нечија должност, но притоа да не се лути доколку не  му се усвои предлогот. А, секако не се усвојуваат лични желби и ламентирања“, се вели во соопштението на портпаролот на општина Охрид, Никола Маневски.

Ohridnews