Г-динот Манески, во улога на уредник на општинскиот ВЕБ портал, со цел да се избегне сопствената одговорност и неспособност, во негов препознатлив стил, користејки ги принципите на “Макијавели“ и “Теоријата на Хаосот“ најде “ДЕЖУРЕН КРИВЕЦ“, па на своја рака, на подмолен и “супозиторијски“ начин, преку општинската ВЕБ страна лиферува информација дека:
Секторот ТЛЕР и раководителот се одговорни за непостоењето на англиската верзија, и дека: “Секторот за ТЛЕР, ја предвиде и оваа активност: надоградба и изработка на дополнителни ВЕБ страници за промоција на туризмот. За петте наведени активности во тој дел од програмата, мегу кои е и посебно посочената, Секторот за ТЛЕР предвиде 2,5 милиони денари од Буџетот за оваа година“.
Демантирајки ја спомнатата информација ве информирам дека информацијата е неточна, спомнатата личност не е вработена во секторот ТЛЕР туку во секторот за Јавни дејности при општина Охрид, во чија надлежност е и одржувањето на официјалната ВЕБ страна.
Спомнатата ставка од 2,5 милиони денари не е наменета за англиска верзија на официјалната веб страна, туку согласно “програмата за поттикнување на развојот на туризмот“ усвоена од Советот на Општина Охрид за “ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЕЧАТЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ПРОМОТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ОДДЕЛНИ СЕГМЕНТИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА“.
Во однос на буџетските средства предвидени со програмата на Секторот ТЛЕР ве информирам дека:
о Секторот за ТЛЕР, согласно своите ингеренциите, ги спороведува активностите за имплементација на програмските и проектните активности.
о Доколку има потреба од набавки, изготвува само техничка документација која ја доставува до комисијата за јавни набавки која е и надлежна за спроведување на постапката.
о Управувањето и следењето на буџетот на службите во општината е во надлежност на одделението за финансии и буџет.
Ги поздравувам изготвувачот и нарачателот на информацијата и ги молам да го остават настрана Секторот ТЛЕР, професионално, транспарентно и етички да ги извршува секојденевните обврски.
Раководител на сектор ТЛЕР