На реакцијата на Регионалниот изборен штаб на коалицијата „Сонце“ за 5-та ИЕ, во врска со пресот на кандидатот за пратеник, Александар Николоски, на тема образование, со контра реакција се јави ВМРО ДПМНЕ:

Во годините кога беше на власт единствениот „успех“ на СДСМ се состоеше во тоа што успеа да го уништи образованието во Република Македонија во многу сегменти, дипломираните ученици да ги направи неконкурентни на глобалниот пазар на труд, а на образованието како на систем да му ја прикачи етикетата на корумпираност. Според резултатите, единствената цел кон која се стремеше СДСМ во образованието беше населението да биде неедуцирано, а Македонија никогаш да не фати приклучок кон Европа и развиениот свет. Ако од СДСМ очекуваме одговор во кој ќе се обидат да се спротистват на нашата програма со аргументи, сопствена програма, проекти или визии за образованието очигледно ќе поминат не само изборите туку можеби и деценијата.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе ги продолжи проектите во образованието содржани во програмата „Преродба во 100 чекори“, и проектите кои досега беа блокирани во собранието од страна на СДСМ и новите предвидени за периодот 2008-2012 година.

На СДСМ му оставаме и натаму да продолжи со манипулациите, со навредите, со омаловажувањата, со сè она што со што се легитимираше и се легитимира пред граѓаните.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид
Центар за комуникации