На адресата од спортската редакција на Ohrid News стигна реакција од делегатот Златко Локвенец кој беше дел од официјалните лица на мечот меѓу Ракометниот клуб Металург 2 и Ракометниот клуб Лихнид кој се одигра во Скопје во рамките од Пионерската лига во женска конкуренција.
Од таборот на охриѓани ги обвинија судиите за поразот во Скопје, а имаа забелешк и на делегатот кој се обрати со писмо, а ние како медиум ви го пренесуваме во целост.
– Почитувани,во Вашиот напис,денес 07.03.2016, во врска со натпреварот помеѓу РК,,Металург 2,, и РК,,Лихнид,, одиграна во Скопје на 06.03.2016,споменато е и моето име како директно инволвирано лице на истиот натпревар,делегат на истиот.Сакам да се произнесам за наведените информации кој се најблагоречено НЕВИСТИНИТИ!Судиската двојка сосема коректно ја обави својата функција,имаше мали пропусти во текот на натпреварот но далеку од тоа дека влијаеа на резултатот,т.е. победата на домашната екипа е апсолутно заслужена. Со почит, Златко Локвенец. – стои во писмото од делегатот.
„Китовите“ на гостувањето во Скопје го претрпеа вториот пораз сезонава и скор четири победи и два порази се наоѓаат во горниот дел од табелата.
Лошите судиски одлуки кумуваа на поразот на „китовите“
OhridNews