Општина Охрид реагира на обвинувањата на ОК ВМРО ДПМНЕ која го нападна градоначалникот Петрески за нереализираните проекти и ветувања. Во писмената реакција на локалната самоуправа се вели:

„Во немањето опстојни оправдувања пред граѓаните за тешката состојба во која се наога општеството и, посебно, за неисполнетите ветувања за тоа колку го „сакаат“ Охрид, а со цел да ги девалвираат заложбите за децентрализацијата на власта заради која и не може да се оди напред, општинскиот огранок на владеачката партија во Македонија се огласи со, за нив единствено познатата форма на „правење нешто за граѓаните“- прозивка на градоналаникот на општината.

Потврдувајки го со школски пример за непознавање на процесот на децентрализацијата како нужност за развој и „де-факто“ заживување на локалната самоуправа, охридските вмровски политичари се огласија со забелешки на неисполнетите најави на градоначалникот Петрески за одредени комунални зафати. Сакајки да елаборираат за нешто што ниту нивните ментори од централата не сакаат да го направат, а за кое ги обвинува и меѓународната заедница, па и амбасадорот Филип Рикер во вчерашната изјава, луѓето од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид не разбираат дека токму укажувањето на градоначалникот Петрески за запрената децентрализација е изворот на застојот на општините во нивниот развој.

Лугето, едноставно, не разбираат или не признаваат дека не може општината да се развива без дадени ингеренции, без сопственост врз земјиштето за изградба, на пример, на автобуската, пазарот и слично, без сопственост врз крајбрежието….

Или, сакаат со депласирани и промашени во времето прозивки, да прикријат пред  охриќани дека реконстрикцијата на „Железничка“ помпезно најавена и предизборно започната – беше само лага“, стои во соопштението на локалната самоуправа.

Ohridnews