ЗНМ уште еднаш повторува дека политичките пресметки не смеат да се водат врз грбот на новинарите. Ние сме свесни за проблемите со кои се соочува македонското новинарство, но ние нив ќе ги решаваме во рамките на нашата фела. Работа на политичките партии, па и на ЛДП, не е да прогласува виновници за неповолните состојби во македонските медиуми, туку да нудат решенија, кои ќе создадат поволен амбиент за работа на новинарите и за подигнување на професионалните стандарди и етика, стои во соопштението за јавност.
ЗНМ предупредува дека ако политичките партии не престанат јавно да етикетираат новинари, кое ние го сметаме за директен политички притисок врз нашата работа, ќе ги информираме меѓунардоните претставници во Скопје и сите професионални здруженија на новинарите во Европа и светот.