Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) остро го осудува потегот на полицијата да го спречи пристапот на вработените во ТВ А1, за што вечерва информираат колегите од таа медиумска куќа.

– Апелираме да им се овозможи на вработените непречено да ја извршуваат својата работа. Воедно апелираме и до сопственикот на А1 да ги заштити вработените новинари и медиумски работници во ТВ А1 со транспарентно и законито работење кое ќе и го одземе на власта оправдувањето за овој, според сите досегашни информации драматичен упад во медиумот, но и политизирање на случајот во кој е загрозена професионалната слобода и достоинство на колегите. – се вели во соопштението на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.

OhridNews