Челните луѓе од Федерацијата за Кајак и Кану на мирна вода, со реакција до нашата редакција во врска со писмото на Никола Чакарески упатено до нас во кое тој го искажа незадоволството од состојбите со кајакарскиот спорт.

Еве ја реакцијата во целост :

Поттикнати од содржината на писмото “Кој молчи изгледа се согласува“ потпишано од извесниот “Претседател“ Никола Чакарески во кое се изнесени бројни обвинувања врз оснава на невистини за состојбите во кајакарскиот спорт на мирна вода во Република Македонија, Ве молиме да ја објавите нашата реакција:

Како легално избрано раководство на единствената Федерација за Кајак и кану на мирна вода на Република Македонија на вонредното собрание одржано на 25.03.2007 година, неможејќи да се сложиме со бројните инсинуации и невистини во предметното писмо, наша намера е со оваа реакција да ја запознаеме пошироката македонска јавност со стварната состојба во Федарацијата.

На вонредна седница на Собранието одржана  25.03.2007, заради незадоволството од неговата работа, беше разрешено раковосдвото на Федерацијата, вклучувајќи го и, сега веќе самоименуваниот “претседател“ Никола Чакарески. Натаму, како што е ред, Собранието легално и статутарно избра ново раководство (Изврешен и Надзорен одбор и Претседател), а изврешени се и други броји измени во Статутот на Федерацијата: променето е името на Федарацијата, променото е седиштето на Федерацијата (наместо во Скопје, сега се наоѓа во Струга) итн..

Сите законски и статутарно извршени промени во Федарацијата се прифатени и потврдени со Решението на Централниот Регистар на РМ-Регионална канцеларија Охрид од 30.03.2007 година. Од тој датум, Никола Чакарески не е повеќе претседател на Федерацијата иако така се претставува ден денес, злоупотребувајќи ги стариот печат и меморандум на Федерацијата од канцеларијата во Скопје, кои се прогласени за неважечки со Одлука на Собранието. За извршените промени во Федарацијата како и за злоупотребите на Никола Чакарески, во континуитет,  се известени сите релевантни и надлежни органи и огранизации во Република Македонија.   

Се надаваме и очекуваме, новото раководство на Агенцијата, токму заради кајак-кану спортот на мирна вода во Македонија, спортитисте и спортските работници, а не заради некакви лични интереси на поединци, да направи максимални и итни напори и да го “одврзи Гордиевиот јазол“ во нашата Федерација. Тоа е наше реално очекување и единствен начин за можна разврска на кризата и нормализацијата на односите со цел, сите заедно, да свртиме кон спортот и спортските резултати.

Што се однесува до клубовите и членството: во Федерацијата членуваат седум Кајак-Кану клуба, два од Струга и по еден од Охрид, Дебар, Пештани, Трпејца и Берово со преку 200 активни членови спортисти од сите категории (пионери, јуниори, сениори, машки и женски). Сите клубови се повеќе или помалку активни, во зависност од финанссиските можности кои, како и во другите сфери од животот, и вчера и денес, ја детерминираат активноста на еден колектив или индивидуал. Едно е сигурно, раководството на Федерацијата, во изманатиот период, не запостави, воопшто, ниту еден кајак-кану клуб. Сите тие беа уредни поканувани и на седници на органите и телата и на натпреварите кои ги организараше Федерацијата. За жал, одговорот на клубовите “Дрим – Струга“, “Радика – Дебар“ и “Стрмец – Охрид“ секогаш беше негативен. Очигледно, тие се определија за бојкот на работата на Федерацијата.

Пример за тоа е последната, вонредна седница на Собранието одржана на 24.12.2008 години во Струга, по барање и со постигнат заеднички договор на Агенцијата за млади и спорт, актуелниот претседател на Федерацијата Ристо Чуркосик и Никола Чакарески, на која требаше да расправаме за иницијативата на Агенцијата за здружување на постојните две кајак-кану Федерации, (на мирна и на дива вода), во единствена кајак-кану Федерација на Македонија. И покрај договорот и навременото известување со покано за седницата, делегатите Клубовите кои ги предводи Никола Чакарески не се појавија на седницата.

Спротивно на ова, Никола Чакарески како претседател на Федерацијата, иако нелегално избран на вонредно собрание одржано во мај 2006 и со присуство на делегати од само три клуба (Дрим, Радика и Стрмец) и со сердна подршка на политички структури, правеше се само да ја попречи работата на другите четири клуба, а одите дури дотаму да побара од Агенцијата нивно укинување. Во тој период, тие беа целосно игнорирани од раководството на Федерацијата на чело со Никола Чакарески иако со ништо не ја попречуваа неговата работа.

И после се, што се случува денес? Сведоци сме на крокодилските солзи на Никола Чакарески! Наводно за судбината на спортисте и кајак-кану спортот на мирна вода! Каква хипокризија! Вистината е сосема друга. Чакарески денес лее солзи за изгубените стипендии на своите деца Јован и Евгенија (син и ќерка) а не за цела низа далеку поспособни и повредни спортисти кои воопшто и не се на неговиот список за стипендии како на пример: Лазароски, Тодороски, Чуркоска, Паскали, Билјаноски, Колоски и многу други потврдени спортисти со високи дострели со кајак-кану спортот на мирна вода Р М. КОлку за потсетување на г. Чакарески: органите на Федерацијата предлагаат за стипендии, а не некој од на улица!

Е, што е многу, многу е и од Никола да е (Чакарески)! Токму заради сето изнесено (а и има уште многу да се пишува) Никола Чакарески има најмалку морално право да зборува за, наводни, неправди, нестатутарно постапување и слично.

Актуелното раководство на Федерацијата го повикува него и неговите исто мисленици на отворен дијалог за сите проблеми и прашања во Федарацијата, се со цел да најдаме заеднички јазик и решение за постојните проблеми. Но, и овој, пат укажуваме дека, местото за дијалог е во ограните на Федерацијата, а не во медиумите!

Претседател:
Ристо Чуркоски

Ohridnews