Очигледно дека денешните важни настани со кои се означи почетокот на уште неколку крупни проекти во градов ги збунија СДСМ – Охрид. Сосема очекувано е членови од оваа политичка партија да негодуваат со отчетното и транспарентно работење на градоначалникот Никола Бакрачески ако се земе предвид фактот дека обелоденување на конкретни бројки и параметри за сработеното никогаш не биле својствени за СДСМ- Охрид. Ова меѓу другото стои во реакцијата на локланата самоуправа на критиките од опозцијата упатени кон отчетот на градоначалникот Бакрачески.

„Доколку СДСМ – Охрид, ги решеше имотно правните односи и доколку Општината ја оставеше со позитивен финансиски биланс, актуелната локалната власт веќе ќе ги имаше изградено современите пазар и автобуска станица. Ако, почитуваните од СДСМ – Охрид 8 години ветуваа 8 пазари и автобуски станици, актуелната локална власт вети еднаш и веќе започна да ги реализира овие два капитални проекти. Ако СДСМ – Охрид не знаеше ни за почеток ни за крај, затоа што зад себе не остави ниту еден реализиран проект , актуелната локална власт создава проекти кои имаат почеток, реализација и крај согласно пропишаните законски обврски. – се вели во реакцијата на општината.

Оттаму додаваат дека реализацијата на проектот со пазарот е во поодмината фаза, решени се имотно правните односи и ослободена е хипотеката за постоечката зграда на ЈП „Градски пазар“ која ја оставила претходната локална власт и дека за многу скоро време Охрид ќе го добие зелениот пазар со административно – трговска зграда.

Во соопштението се наведва дека во тек се активности за изградба на модерна автобуска станица во Охрид, како и дека се вработени првите 50 лица во германската фабрика „ОДВ Електрик“ која ќе ги отвори своите врати за над 1000 лица, а толку ќе се вработат и во компанијата „Костал“.

„Почетокот на реализацијата на проектите поддржани од Светска Банка се доволна потврда дека Општина Охрид има максимална поддршка од Владата на Р. Македонија а доволен доказ за тоа е денешното присуство на Вицепремиерот и Министер за Финансии Зоран Ставрески кој заедно со градоначалникот Бакрачески го означија почетокот на реконструкцијата на улицата „Питу Гули“. На крајот Општина Охрид го прашува економистот Јован Стојаноски, каква врска има намалувањето на приходната страна на буџетот со домаќинската работа и исплаќање на долговите? Тоа е уште една потврда дека Локалната самоуправа успева со помали приходи редовно да ги исплаќа наследените долгови и тековните обврски.“ – стои во соопштението.

OhridNews