Во врска со лиферуваната информација во која се елаборираа проблемите со кои се соочува Урбаната (Месната) Заедница „Стар Град“ денеска реагираше локалната самоуправа. Во соопштението од Одделението за односи со јавност на Општината испратено до нашата редакција се наведува дека во соопштението што МЗ Стар град го испрати до медиумите биле  изнесени низа неодржливи произволности од страна на поединци:

Со години наназад, во пресрет на главната туристичка сезона, се актуелизираат прашањата за работното време на угостителските објекти и режимот на сообраќај во стариот дел на градот. Евидентно е, притоа, настојувањето на поединци да се анулира, потценува и минимизира сето она што во овие две години е превземено од страна на Општината за средување на оваа проблематика. Жалосно е што, од страна на поединци во раководството на Урбаната Задница, во овој поглед се приоѓа крајно парцијализирано, да не кажеме егоистички. Не само што во нивните барања не се покажува разбирање за комплексноста на прашањата од аспект на збогатена туристичка понуда за гостите долична за летен туристички живот, туку се банализира фактот дека токму жители од тој дел на градот се сопственици на угостителските објекти. Значи, тие кои го чекаат летото за да заработат, тие кои стопанисуваат или остваруваат добра егзистенција од приливот на гости и им издаваат соби – сега се против збогатената туристичка понуда? Едноставно кажано – вистински апсурд.
     
Што се однесува до работното време на угостителските објекти, Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, токму во интерес на исполнување на реалните потреби на граѓаните, по одржаната средба со нив пред 4 месеци – ЦЕЛОСНО ГО ИСПОЛНИ ДАДЕНОТО ВЕТУВАЊЕ и беше изменето дотогаш важечкото работно време. Сега изменетата Одлука донесена е на 31. Мај од СТРАНА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА А НЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ А,НЕЛИ, И СОВЕТНИЦИТЕ, ИСТО ТАКА, ГИ ЗАСТАПУВААТ ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ !
       
Во врска со летниот сообраќаен режим – исто така- поединци намерно прикажуваат постојано незадоволство. Притоа се занемарува комплексноста на оваа проблематика и фактот дека неможе сообраќајот да се реши во стариот дел без одредена негова мегузависност со оној во поширокиот центар. ДЕКА ТОКМУ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ ВОДИ СМЕТКА ЗА РЕАЛНИТЕ ПОТРЕБИ НА ГРАЃАНИТЕ И ПО ОВА ПРАШАЊЕ, ПОТВРДУВА ФАКТОТ ДЕКА ПРЕДЛОЖЕНАТА ОДЛУКА НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ БЕШЕ ПОВЛЕЧЕНА ОД СТРАНА НА ПРЕТСТАВНИК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САМО СО ЦЕЛ ДА СЕ СОДРЖАТ ВО НЕА И МИСЛЕЊАТА НА ГРАЃАНИТЕ.  ТОКМУ ВО ТАА СМИСЛА  Е И ФАКТОТ ДЕКА СИТЕ ОНИЕ БАРАЊА НА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ПОДНЕСЕНИ ВО МЕЃУВРЕМЕ – СЕ ПРИФАТЕНИ И СЕ ВМЕТНАТИ ВО ПРЕЛОГ-ОДЛУКАТА ШТО КЕ СЕ НАЈДЕ ПРЕД СОВЕТОТ НА НАРЕДНАТА СЕДНИЦА.
   

                                                                                Општина Охрид
                                                                Одделение за односи со јавноста