“Убаво е да се слуша мислењето на народот..убаво е кога секој има право да се изрази во онаа мера во која неговата способност дозволува. Но, знаеме дека секоја мера си има одредена граница, една црвена линија која доколку се премине, човекот веќе не се препознава себеси…“
Баш вака започнува едно писмо како реакција ( значи требаше горе насловот кај мене да е “Акција“) на мојата колумна со наслов “Гнасата“ напишана по повод девијатното однесување на некој ступидопсиходеличен претставник на нашата (човечка) раса. На ова писмо направив мулти опсервација. Затоа во моментов каунтерот на читаност на ова писмо е : Прочитана е : 291 пат ( copy – paste директно на каунтерот во 23:35 27.02 2010 ). Што значи неколку клика се должат на мене, авторот на гореспомнатата колумна, кој употребува простачки јазик, колумна која зачудо еве сега во точно 23:37 истиот датум со copy – paste вика вака: Прочитана е : 1957 пати. Што би рекло без разлика на индивидуалниот IQ на секој му е јасно е дека ако не повеќе бар 6 ( и со зборови – шест ) пати повеќе од ….Така да зборовите во писмото “….И тука доаѓа до еден контраефект кај останатата читателска публика. Наместо да го поддржат неговиот збор, луѓето се згрозуваат….“ се толку паушален заклучок за прочитаноста на мојата колумна/и што и инкасаторите од Проаква можат, г-ѓо или г-гице Шикова, да Ви завидат за ракотресателни констатации. Се потрудив сите овие (а и оние што футуративно ќе ги изнесам) заклучоци да ги перцепирам како субјективен, личен, Ваш заклучок и мислење, но колку и да се трудев не можев затоа што и субјективно и објективно, единствената асполутна наука, математиката, вика деке 1957 е еднакво на 1957. Никако неможе 1957 да е еднакво на 291, а ќе се сложев со Вас, ако и само ако …..
Напоменав во почетокот дека прибегнав на мулти обсервација на Вашето писмо само заради тоа што никогаш до сега вака не сум одговорил. Но г-ѓо или г-гице Шикова, Вашите зборови: “….Во последно време има се поочајни луѓе кои не знаат како, па на еден најпрост и највулгарен начин се пројавуваат изнесувајќи одредено мислење….“ мојот дигестивен тракт никако неможе да ги свари без разлика што на помош на мојот вентрикулус му дадов и ranital и lanzul. Напротив, неместо тоа бев жртва на дијареа, предизвикана од Вашиот ступиден заклучок дека авторот на таа колумна е “очаен“ ,а воопшто него ни познавате. Нели ваквата Ваша смелост да судите за карактерот на човек кој не го познавате е дрска? ( Туу како цепам клутурно и литературно – и сам се изненадив).
Да ценета г-ѓо или г-гице Шикова употребив “прости“ зборови и ќе ве потсетам на нив: волу, коњу коњосан, морону еден, мочко мочкосан, брбушка од овца, брбушко една…(Има уште и ќе Ве замолам г-ѓо или г-гице Шикова, сами докрај да се потсетите затоа што веќе премногу време трошам на Вас). И да. Признавам дека овде имам грев. Што ли ми беа криви прекрасните животникои на никој не му скривиле ништо да ги споредам со некој психопата. И им се извинив г-ѓо или г-гице Шикова на истите.
А во однос на мојот стил на пишување г-ѓо или г-гице Шикова, мене преку репродуктиовниот орган ми се луѓе кои преферираат стил “ сакам кажам ама нејќам со никого замерам“ или пак стил“ јас ќе кажам а ела вие разберетеме“ (Тупурко). И докрај да бидам искрен, г-ѓо или г-гице Шикова и понатаму нема да бирам зборови за личности како споменатата во мојата колумна, личности како нашите политичари кои ни го инсертираат нивниот мемористик во usb портот на нашата Motherboard сите овие милијарда години. И да. И понатаму, ако налага ситуацијата или темата во моите колумни, ќе употребувам “прости“ зборови затоа што заедно со моите ценети читатели ( во кои спаѓате и Вие г-ѓо или г-гице Шикова ) сакаме да допреме до луѓето кои на било кој начин ја сквернават нашата македонштина, историја, економија, културни дела и богатства, црешата….А тие сепак се простаци. А за да не разберат сите нас, тие простаци, мора да се обратиме на простачки јазик нели? И пред крај. Мене г-ѓо или г-гице Шикова ми е здосадено веќе да носам со мене вазелин и да ги мачкам градите. А зошто баш градите а не….Затоа што како резултат на тоа што сите тие( посебно политичарите) кои на нас, обичните граѓани, сите овие години континуирано ни прават нешто од областа на сексот престана веќе да ме боли анусот. Почна да ме боли душата. Да душата. А мене бар многу повеќе штета ми нанесува душевната од физичката болка. Чмарот ќе се закрпи. А душата…не вервам. Нели г-ѓо или г-гице Шикова???
А за крај. Јас нема да давам никаков кометар за Вас.