ВМРО-ДПМНЕ реагира на невистините и кострукциите како и навредите изнесени во интервјуто на г-дин Стојан Андов на телевизија ТВМ. И преку овој негов јавен настап се потврдува нашата теза дека за политичарите кои се коалиционен партнер на СДСМ највжно е да се изманипулира јавноста, да се сокрие вистината, ништо да не се сработи но многу да се излаже.
Прашуваме кое е моралното право на г-дин Андов да зборува за резултати во економијата, реформи и ЕУ, кога неговата единствена цел овие години е да биде на власт без разлика со кого.
За обидите за манипулација со јавноста во врска со предлозите за името од интервјуто се гледа дека, несомнено, Андов е искусен експерт за преименување на нашата држава. Да потсетиме, тој беше еден од клучните политичари, заедно со другите од СДСМ, кои одлучија да ни ја прикачат референцата ПЈРМ, без за тоа да имаат мандат. Секако за него и за политичарите од неговата идеолошка матрица, народот не треба да мисли, а уште помалку да се искаже на референдум, дури и за суштинки прашања како што е името на државата.
Што се однесува на неговите коментари за пратеничката Анита Кипаризовска Крстеска, елементарната култура налага Андов да се извини затоа што ни тој, ни било кој друг, нема право да им ја диктира етничката припадност на колегите од парламентот.
Андов сега ги кара министрите од ВМРО-ДПМНЕ за економската и енергетската политика. Како типичен сончоглед дење во парламентот гласаше за владините политики, а ноќе кроеше нови парламентарни мнозинства.
На крајот би сакале да им порачаме на граѓаните на Охрид да слушаат што им се зборува и ветува во кампањата, но и да гледаат кој им зборува и ветува.
Центар за комуникации