“Загрижени” за угледот и дигнитетот на Охрид, новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, господинот Атанаско Михаилов и членот на Советот на Општината од оваа Партија, господинот Дејан Паноски, итно, остварија средба со градоначалникот Александар Петрески.
Со одбрани зборови, го изнесоа ставот на нивното ново партиско раководство за надминување на дневно-политичките и ситни партиски интереси, а се во интерес на угледот на Охрид како духовна, просветна и културна престолнина на Република Македонија.
Од своја страна, градоначалникот на Општина Охрид, договореното почна да го практикува од истиот ден. Закажа итен состанок со одговорните во Одделнието за односи со јавноста и издаде наредба на општинскит сајт да не со објавуваат никакви текстови кои во себе содржат политички примеси или лични навреди на поединци.
Градоначалникот и општинската администрација, како што доликува на возрасни луѓе, до крај го почитуваа договореното. Но, што се случи со дадениот збор на тие кои дојдоа во кабинетот на градоначалнкот и побараа да се заштити угледот на Охрид, угледот на институциите и угледот на поединците.
Дали угледот на Охрид, угледот на институциите и угледот на поединците, се штити со фашистички билборди?
Почитувани партиски функционери од ВМРО ДПМНЕ,
Во најцрните, во најапсулитистичките, во најдиктаторските режими во светот се почитуваат елементарните човекови права и слободи.
Александар Петрески, или било кој друг граѓанин, лично да го наполнеше Охридското Езеро и вие на лице место да го затекневте како го прави тоа, немате право да го линчувате на вашите столбови на срамот.
Дали ова е само почеток? Дали следните ваши билборди нема да бидат монтирани човечки глави на кукасти крстови?
Некои рекоа дека е премината црвената линија. Не, со овој чин, премината е црната линија. Ова е дно. Подолу не може.
Во името на демократијата, во името на човековите права и слободи, во името на Охрид и Македонија, ЗАПРЕТЕ СО ВАШАТА ЗАПОЧНАТА БОРБА ДО КОНЕЧНА ПОБЕДА!
Општина Охрид